СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ го одбележа патрониот празник

СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ го одбележа патрониот празник

СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ денеска го одбележа својот патрон празник, 75 години од загинувањето на народниот херој чие име училиштето со гордост го носи.

По тој повод, учениците и наставниците од средното Економско училиште организираа голем број активности, кои беа реализирани во текот на изминатите неколку денови. Младинската организација од училиштето организираше „Квиз на финансиска писменост“ и литературно читање, а денеска делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, членови на општинскиот Совет и на Сојузот на борци, како и делегација на средното економско училиште, положија свежо цвеќе на Алејата на народните херои и Могилата на непобедените, пред споменикот на Кузман Јосифоски во центарот на градот и пред неговата биста во училишниот двор. Бројните чествувања во чест на великанот завршија со одржување на свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.

СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ го одбележа патрониот празник„Младинската организација организираше дебата, беше организиран „Квиз на финансиска писменост“ кој имаше натпреварувачки карактер, а беше организирано и литературно читање на кое учествуваа ученици од основните и средните училишта. Во оваа прилика сакам да упатам благодарност до градоначалникот Илија Јованоски, кој што ни овозможува реализирање на нашите идеи и планови за подобрување на условите за одржување на наставниот процес“, изјави директорката на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“, Билјана Марковска.

Во таа насока, Марковска потенцираше дека во изминатата година целосно биле заменети внатрешните врати, а комплетно биле реновирани и санитарните јазли од горниот кат на училишната зграда. Активностите за подобрување на условите за работа и одржување настава во училиштето, ќе продолжат и во текот на оваа година.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …