СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Крушево: Интерен оглас за запишување на ученици во учебната 2020/2021 година

СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Крушево: Интерен оглас за запишување на ученици во учебната 2020/2021 година

Во согласност со член 42 од Законот за средно образование, а врз основа на Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 год. објавен од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија,

СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Крушево

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за запишување на ученици во учебната 2020/2021 година

I БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

• ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ – 68 ученици, 2 паралелки, 60 минимум поени

– Природно математичко подрачје – комбинација А
– Природно математичко подрачје – комбинација Б
– Општествено-хуманистичко подрачје – комбинација А
– Општествено-хуманистичко подрачје – комбинација Б
– Јазично-уметничко подрачје – комбинација А
– Јазично-уметничко подрачје – комбинација Б

• УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА – 102 ученици, 3 паралелки

Хотелско-туристички техничар
/ Угостителски техничар макс.бр. ученици – 34 1
паралелка 4
год.траење 45
мин.поени

Келнер макс.бр. ученици – 34 1
паралелка 3
год.траење 30
мин.поени

Готвач/слаткар макс.бр. ученици – 34 1
паралелка 3
год.траење 30
мин.поени

 

II УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во учебната 2020/2021 ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Конкурсот објавен на 27 март 2020, од страна на МОН.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. Условите за запишување на учениците се:
– Да имаат завршено основно образование;
– Да не се постари од 17 години;
– Да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
– Да ги исполнуваат критериумите утврдени во овој конкурс.

Учениците од ромска етничка заедица можат да се запишат и ако имаат до
10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– Оригинални свиделтелства од VI до IX одделение;
– Дипломи, (доколку имаат) од освоени ( I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање)

 

IV КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, сите три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година. Проверката на знаењата на учениците од
заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа..

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни
2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на
26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 а вг ус т 2 0 2 0 година за што доставуваат доказна документација..

 

V КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени
за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 22 јуни
2020 година за второто пријавување, односно на 26 јуни 2020 година за третото пријавување.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

VI. ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ
Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 24 април 2020 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.

 

СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Крушево: Интерен оглас за запишување на ученици во учебната 2020/2021 година

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …