СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ го одбележа својот патрон празник

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ го одбележа својот патрон празник

Со литературно читање, спортски активности во ракомет, футсал и шах,
започна одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Ристе Ристески –
Ричко“, а денеска во просториите на театарот “Војдан Чернодрински“ беше
одржана и свечена програма.

„Денешниот ден 21. декември е патрон празник на СОУ ‘Ристе Ристески – Ричко’ и токму по тој повод од страна на вработените и учениците, се организираа низа активност со кои се одбележува и прославува патрониот празник. Активностите започнаа по барање на учениците, така што преку Младинската организација во училиштето беше спроведена промотивна недела со низа активности, натпревари, дебати, изложби на фотографии во електронска форма, спортски активности и литературно читање. Денеска прославата продолжи со положување на цвеќе и со одржување свечена програма“, изјави Билјана Трајкоска, директор на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

По повод патрониот празник претставници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“
денеска положија свежи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов
–Ченто и на Могилата на непобедените.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …