СОУ „Ристе Ристески Ричко“: Нови образовни профили согласно потребите на реалниот сектор

Во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, во континуитет се случуваат низа активности и настани. Секако, еден од најважните беше соработката со Филип Морис Тутунски Комбинат – Прилеп и донацијата од 80.000 долари, средства со кои комплетно беа реновирани двата кабинета во кои се реализира практичната настава од електротехничката струка. Со овој проект, дополнително беа реновирани уште два кабинета, меѓу кои и тој за информатика и програмирање.

Кон овој проект се приклучи и локалната самоуправа, која одобри средства за санирање на санитарните јазли во едно од крилата на училиштето, и тоа на сите 3 ката. Она што директорката на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, Билјана Трајкоска посебно го нагласи, е дека ова е прва реконструкција на санитарните јазли после 27 години, односно од 1992 година кога овој објект на средното општинско училиште беше ставен во функција.

Истовремено, за прв пат од неговото постоење, во училиштето се реализира проект од програмата Еразмус +, со која за дел од учениците и наставниот кадар се овозможени мобилности во 3 различни земји – Португалија, Шпанија и Словенија. Со почетокот на новата учебна година, во училиштето ќе стартува и германскиот систем на дуално образование, со кој ќе започнат со работа и неколку нови образовни профили.

„Како нови образовни профили имаме техничар за производно машинство и техничар за индустриска мехатроника. Од машинската струка, како новитет имаме техничар за моторни возила, тука се постојните струки машински техничар и машинско-енергетски техничар. Покрај нив во тригодишното образование ги имаме електромеханичар и автоелектроничар, а како новитет техничар за моторни возила, автомеханичар и каросериски заварувач. Вклучени сме и во проектот на швајцарската амбасада ‘Скилс’, каде се потенцира соработката со реалниот сектор. Со оглед на струките во нашето училиште, имаме воспоставено соработка со Прилепска пиварница и Мермерен комбинат, додека за следната година ќе бидат вклучени и фирмите ‘Гентерм’, ‘ВИК’ и ‘Витаминка’. Деновиве склучивме договор и со ЕВН, каде веќе трета година испраќаме ученици за реализација на феријална пракса“, истакна Билјана Трајкоска, директорка на СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

Покрај останатите тековни активности, склучен е договор за соработка и со „Пакомак“, со што учениците и вработените од средното училиште активно се вклучија во селекцијата на отпад.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …