Совет на Јадранско – Јонската Иницијатива: Република Северна Македонија добива директен пристап до фондовите на ЕУ со кои се финансираат проекти за инфраструктурно поврзување на регионот

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско – Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година.

Зачленување во Јадранско – Јонската иницијатива и понатамошното приклучување во ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион, е директна и конкретна придобивка од решавањето на спорот со Грција.

Членството во Јадранско – Јонската иницијатива е резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа, односно преименување на имињата на скопскиот аеродромот и автопатот кон Грција. Тие одлуки, како и целокупното решавање на спорот со Грција, ги отвори можностите за пристап до фондови на ЕУ и го забрза процесот на интеграција во ЕУ, од што корист имаат сите граѓани на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …