Совет на општина Прилеп: Буџетот проширен со дополнителни средства, „Комуналец“ ќе се грижи за уличното осветлување

Совет на општина Прилеп: Буџетот проширен со дополнителни средства, „Комуналец“ ќе се грижи за уличното осветлување

На дневниот ред на денешната 26-та седница на Советот на општина Прилеп, се најдоа 12 точки кои се од интерес и значење за граѓаните на градот и населените места.

Прилепските советници донесоа Одлука за проширување на средствата на општинскиот буџет за 2019 година за сума од 42.740.000,00 денари, средства кои останаа неискористени од единките корисници заклучно со 31.12.2018 година.

„За Градската библиотека се распределуваат средства во износ од 338.000,00 денари, во делот на основното образование 21.691.000,00 денари, а за средното образование 4.611.000,00 денари. За капитални инвестиции во објектите на детските градинки Тризла и Бончејца се издвојуваат 12.000.000,00, додека 1.792.000,00 денари ќе појдат во Домот за стари лица, кои ќе бидат искористени за купување машини за перење и сушење на алишта, како и за замена на постојната столарија“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на општина Прилеп.

Советниците донесоа Одлука за проширување на дејноста на ЈКП „Комуналец“, со што ова јавно претпријатие во иднина ќе се грижи за одржување на уличното осветлување во општината.

Исто така, членовите на општинскиот Совет ја изгласаа Одлуката за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичко-планска документација, како и предлог Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2019 година.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …