Совет на Општина Прилеп: Опозицијата предложи, ВМРО-ДПМНЕ не прифати – нема парична награда за прилепските пожарникари

Совет на Општина Прилеп: Опозицијата предложи, ВМРО-ДПМНЕ не прифати – нема парична награда за прилепските пожарникари

На денешната седница на Советот на Општина Прилеп, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот на СДСМ и Коалицијата за доделување парична награда за припадниците на Територијалната противпожарна единица – Прилеп.

Образложувајќи ја Предлог-одлуката, советникот од редовите на СДСМ, Александар Китаноски рече дека заради континуираниот ангажман во гаснењето на големиот број пожари на територијата на општина Прилеп и во соседните општини, на прилепските пожарникари треба да им се додели еднократна парична награда во висина од 600.000 денари.

„Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, Основен буџет потпрограма А00 Совет на општина Прилеп, ставка 412 – постојани резерви, потставка 412 110 постојана резерва (непредвидливи расходи), во висина од 600.000 денари“, истакна Китаноски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаа против предлогот на опозицијата, со што прилепските пожарникари останаа без заслужената награда.

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …