На денешната 55 седница на Советот на општина Прилеп, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот на СДСМ и Коалицијата за поставување дополнителна точка на дневниот ред за состојбите со чистењето на снегот во Прилеп и населените места.
На седницата не присуствуваше ни градначалникот Борче Јовчески кој, како што рече советникот на СДСМ Никола Мариновски, наместо да биде присутен на седницата, се слика на фејсбук како дели парички и подароци.
„Нашата советничка група смета дека зимското одржување на улиците е најважна точка на денешната седница. Се надевавме дека градоначалникот Борче Јовчески ќе се свести и ќе ангажира повеќе фирми да го чистат снегот. Градоначалникот не не’ удостои со неговото присуство на денешната седница, туку на неговиот фејсбук објавува слики како дели парички.
Заради тоа, нашата советничка група ќе ја напушти оваа седница за да ви остави простор побрзо да ја завршите, а потоа со истите лопати од пожарите со кои се сликавте, да излезите и да го исчистите снегот“, рече Мариновски.