Советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Битола одбива да го врати службениот „Ајфон“

Советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Битола одбива да го врати службениот „Ајфон“

Анита Ангелевска, советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, по седум месеци од смената на локалната власт се уште не го вратила службениот „Ајфон“ кој и бил доделен против правните регулативи на општината. Таа била вработена како службеничка во општината, но добила тип на телефон кој е наменет само за раководителите на сектор.Советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Битола одбива да го врати службениот „Ајфон“

Пред неколку месеци до Ангелевска било доставено официјално барање да го врати „Ајфонот“, но таа одбила да го стори тоа па актуелната градоначалничка, Наташа Петровска, била принудена на вчерашната седница на Советот лично да го побара телефонот назад.

„Ќе ми простите г-ѓо Ангелевска што директно ќе ве прозивам, но се грижам за имотот на Општината. Ви имаме доставено официјално барање да го вратите телефонскиот апарат кој што го поседувате, онака како што следува, затоа што не треба да бидете воопшто привилегиран советник, за разлика од останатите советници коишто поседуваат други телефонски апарати“, рекла Петровска.

Градоначалничката на Битола за Макфакс вели дека пред неколку месеци од поранешната локална власт побарале објаснување зошто советничката добила тип на телефон кој не ѝ следувал согласно работното место, но оттаму не добиле рационален одговор.

„Искрено се надевам дека општината ќе си го добие телефонот назад, Ангелевска не треба да биде привилегиран советник и да има различен телефон од другите“, вели Петровска. (Mакфакс)

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …