Советничката група на СДСМ и Коалицијата бара вонредна седница на Советот на општина Прилеп за актуелните состојби во ФК „Победа“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата бара вонредна седница на Советот на општина Прилеп за актуелните состојби во ФК „Победа“

Последните состојби во ФК „Победа“, односно вчерашното писмено обраќање на клубот со кое ја информираа прилепската и пошироката јавност дека поради блокираната сметка и очајната финансиска состојба во најпознатиот прилепски спортски бренд, сениорската екипа на ФК „Победа“ не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората фудбалска лига, предизвика револт меѓу граѓаните на општина Прилеп, но и пошироко.

Од тие причини, советничката група на СДСМ и Коалицијата до претседателката на Совет на општина Прилеп поднесе барање за свикување на вонредна седница на општинскиот Совет со единствена точка на дневниот ред:

  1. Информација за актуелната состојба во ФК „Победа“ Прилеп и донесување на предлог заклучоци за изнаоѓање на соодветно решение за надминување на ваквата состојба.

Во образложението за поднесеното барање се вели:

„Фудбалскиот клуб “Победа“ од Прилеп како најзначаен и најпрепознатлив спортски бренд на градот, се наоѓа во состојба на целосно пропаѓање, што претставува сериозен удар врз спортот, младите и јавниот интерес на општината.
ФК Победа не е само спортски колектив, тук дел од идентитетот на Прилеп, клуб со децениска традиција, бројни успеси, европски настапи, клуб на генерации фудбалери кои го прославија името на клубот и градот низ државата како и надвор од неа. Денешната состојба и целосната неизвесност за иднината на ФК “Победа“, е резултат на долгогодишната негрижа и отсуството на одговорност. Општина Прилеп, за жал, последниве неколку години не покажа желба за вистинска помош на клубот за излез од оваа криза и е директен соучесник во неговото уништување.
Како советничка група, сметаме дека е потребно свикување на вонредна седница на која Советот ќе добие целосна информација за фактичката состојба во клубот и ќе се донесат конкретни заклучоци и мерки за спас и реорганизација на ФК “Победа“.
Свикувањето на вонредна седница ќе покаже дека Советот на Општина Прилеп ја разбира својата улога и сериозно му приоѓа на проблемот, дека стои зад заштитата на јавниот интерес, спортот и иднината на младите во нашиот град. Ако Советот ја пропушти можноста навремено да реагира, ќе остане запаметен како Совет кој преќутно дозволи да згасне најголемиот спортски бренд на Прилеп“.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

Прес конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ Антикорупцискиот тим на СДСМ …