Советот на Општина Прилеп утре, среда 18.12.2024 година со почеток во 10 часот, ќе ја одржи редовната 53 седница со следниот предлог на дневен ред:
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп ЕЛС Општина Прилеп за 2024 година.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година.
- Предлог-Заклучок за давање овластување за потпишување на Анекс на Колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ЈКП Пазари Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходовање и отуѓување на оградата, на ЈОУДГ Наша иднина Прилеп.
- Предлог-Решение за именување на претставник во УО на ООУ ,,Рампо Левката ‘’-Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ ,,Гоце Делчев’’-Прилеп.
- Предлог-Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје-спомен плочи поставени на сквер (патека) во чест на славните личности од областа на културата од Прилеп.
- Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 11 и ГП 10 формирани со ДУП за УАЕ бр.9, УБ9/1, Кварт 3 и Кварт 4, КО Прилеп, Општина Прилеп.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.492 КО Прилеп, на барање од Весна Димеска Мицева.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр.1731 КО Прилеп, на барање од Гоце Мијоски.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр.13888/1 КО Прилеп, на барање од Драгица Наумоска.
- Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација на К.П. бр.492 КО Прилеп со која ќе се изврши усоглсување на намената oд Д2-заштитно зеленило, во намена А1-1 домување, на барање од Стојче Бозоски.