Спасителна вежба МРЕЖИЧКО 2021

Спасителна вежба МРЕЖИЧКО 2021

Прва спасителна вежба за оваа година во организација на Спелеолошка федерација на Македонија во месноста Мрежичко, Кавадарци.
Спасителната вежба Мрежичко 2021 опфаќа користење на техники на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошките активности и спасувања во пештери, како и нејзината примена во урбана средина.
Вежбите од ваков тип се показател за подготвеноста и професионалноста на тимовите, со цел максимално да се искористи нивното знаење, посветеност и моќ во корист на безбедноста на граѓаните.
Потребата од Државна Спасителна служба станува се понеопходна. Со ваквите волонтерски подвизи се надеваме дека ќе достигнеме реорганизација на досегашниот спасителен систем во нашата држава.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …