Спасовски: Апсењето на 405 криминалци барани со централна или меѓународна потерница, наш придонес кон зголемувањето на безбедноста на граѓаните

„По моето враќање во МВР стартуваше оперативната акција ‘Бегалец’, уапсени над 400 криминалци барани по централна или меѓународна потерница. Кон зголемување на безбедноста на сите наши граѓани, како наш врвен приоритет, продолживме и преку интензивните активности за приведување на криминалци барани по меѓународна и централна потерница. Притоа, од септември до сега по разни основи 405 лица се лишени од слобода и спроведени во затворите за отслужување или доотслужување на затворската казна. Од нив, 67 се приведени во странство, а 338 во Република Северна Македонија“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на денешната седница на која на дневен ред беше неговата интерпелација, на предлог на неколку пратеници од опозицијата.

Во своето излагање на седницата, Спасовски ги посочи и повеќе показатели, како репер за тоа што го сработило Министерството за внатрешни работи:

➡️Приведени 405 приоритетни бегалци;

➡️Криминалитет во државата: за 31% намалени кражби, за 9.5%  намален вкупен број кривични дела, за 37.5% намален број на измами;

➡️Трговија со дрога: Први три месеци 2020 запленета 14.8 кг дрога, а први три месеци 2021 запланети 585 кг дрога;

➡️Трговија со оружје: Минатата година запленето само 1 парче оружје и 72 куршуми, а годинава имаме 10 кривични дела со 10 сторители;

➡️Лага е дека има 20.000 двојни матични броеви, има вкупно 3.100, од кои 2.200 се поништени, а останатите се од 1980-те години.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …