Спасовски: Низ дијалог и инклузивен процес ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството

Спасовски: Низ дијалог и инклузивен процес ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството

Премиерот Оливер Спасовски, денеска прими делегација на Здружение на судии предводена од претседателот на здружението Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда, Рената Десковска.

Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.

– Овој процес треба да се води низ дијалог  и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите, потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања – им порача Спасовски на судиите.

Претседателот на здружението на судии, Џемали Саити изрази задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството.

Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група.

Претставниците на Здружението на судии изразија оптимизам и од претходната средба со министерката за правда, Рената Десковска.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …