Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Никола Груевски

Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

„Интерпол, сè уште врши некакви испитувања. Потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена. Потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол“, рече Спасовски.

Според него, нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …