Спасовски: Ситуацијата е стабилна, минорни се силите кои сакаат референдумот да не успее

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, но вели дека постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават членството во НАТО и во Европската Унија.

Тој во интервју за МИА, потенцира дека тоа сепак се минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација.

– Геостратешката положба на Македонија, носи одредени ризици и предизвици, но тие се превенираат, меѓу другото, и со добро функционирање, размена на податоци и искуства со пријателските служби со кои соработува Република Македонија. Верувајте дека Република Македонија има многу пријатели кои помагаат, пред се, да ја одржиме стабилноста во државата, да се гарантира безбедноста – целовитоста на државата – истакнува Спасовски

За тврдењата дека странски служби се обидуваат да „роварат“ пред референдумот и за руско мешање во „македонските работи“, Спасовски вели дека Македонија има јасен став, национален, витален интерес да стане членка на НАТО и на ЕУ, не сака да се мешаме во работите на други држави, ниту од регионот, ниту пошироко, но нема да дозволиме некој да и наметнува свои интереси.

–Да, ни се случуваат одредени групирања на политички структури, на поединци итн. кои сакаат да се спротивстават на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Да, има такви структури, има такви поединци во Република Македонија кои сметаат дека заради задоволување на некакви свои лични интереси би го искористиле моментот за да се спротивстават на членството во ЕУ и НАТО, а на таа сметка да добијат некакво свое конто на политичка популарност. Меѓутоа, нема сили кои идеолошки се врзани и преку идеологија сакаат да се спротивстават заради тоа што не можат, немаат алтернатива на процесите кои ни се случуваат во земјата. Затоа, сметам дека Македонија е доволно цврста во своите намери да ја реализира својата цел – да биде членка на НАТО и на ЕУ – додава Спасовски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …