Спасовски: Славиме 27 години независност, на 30. септември да славиме повторно, ЗА ЕУ и НАТО

Спасовски: Славиме 27 години независност, на 30. септември да славиме повторно, ЗА ЕУ и НАТО

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, учествуваше на граѓанска трибина во Гостивар, каде што на граѓаните им го честита Денот на независноста и со присутните разговараше за процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, како и за референдумот на 30 септември и неговата историска важност.

„Денес го живееме сонот кој што го имаа нашите предци и оние кои ја создаваа Македонија во 1944 година и оние кои ја создадоа независна Република Македонија. На прагот сме да го реализираме сонот од референдумот од 8 септември 1991 година, да бидеме дел од Европа, рамноправен член на ЕУ и НАТО“  порача Спасовски.

Осврнувајќи се на придобивките од ЕУ и НАТО, Спасовски потенцираше дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи е остварување на децениските заложби и реализирање на врвните стратешки интереси.

„Со Договорот и со интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедуваме гарантиран македонски идентитет и јазик,  зачуван територијален интегритет, зголемена безбедност, отворање на нови европски фондови за развој на сите сфери на општеството, раст на економијата, повисоки плати и повисок животен стандард за граѓаните“ посочи Спасовски.

Министерот за внатрешни работи се осврна и на големата меѓународна поддршка што Македонија   ја добива од демократскиот свет, изразена преку порарките на светските лидери и ги повика граѓаните на 30 септември да ја искористат шансата и да обезбедат иднина за себе и за своите најблиски.

„Референдумското прашање е прашање над сите прашања и носи најголема лична и патриотска одговорност. На овој референдум на 30 септември гласаме за Македонија и затоа, да се сплотиме и да ја поведеме државата во европска иднина и да покажеме дека навистина веруваме во силни европски вредности, да гласаме ЗА европска Македонија“ – порача Спасовски.

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …