Спасовски со граѓаните на Ѓорче Петров: Да избереме интеграција, да не дозволиме изолација!

Спасовски со граѓаните на Ѓорче Петров: Да избереме интеграција, да не дозволиме изолација!

Како дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски беше во посета на општина Ѓорче Петров каде што се сретна со граѓаните на оваа општина.

На средбите со  борците и ветераните од НОБ  и здружението на пензионери во населеното место Даме Груев беа презентирани придобивките од членството во ЕУ и НАТО сојузот потенцирајќи стабилноста и безбедноста на границите.

Од своја страна, граѓаните искажаа подршка за референдумското прашање за кое потенцираа дека е од особено значење за државата и нејзиното интегрирање во ЕУ и НАТО.

Во Домот на култура во Ѓорче Петров беше одржана граѓанска трибина, каде што се дебатираше за историската шанса пред која стои Македонија како и за тоа што претставува влезот на Македонија во НАТО И ЕУ за граѓаните и за државата.

Спасовски нагласи дека Македонија веќе е ставена на картата на светот, со сочуван идентитет и рамноправна со сите држави.

,,Членството во НАТО значи стабилност и безбедност. Значи гаранција на нашите државни граници еднаш засекогаш. Никој никогаш да не помисли, а не пак да посегне по некакви радикални идеи за размена на територии или какви било други обиди за дестабилизација. Со членството во НАТО, ќе добиеме безбедна и стабилна држава за сите нас. Да избереме интеграција. Да не дозволиме изолација. Изолација на државата би значело неизвесност и за иднината на Република Македонија и за секој од нас поединечно – додаде потпретседателот Спасовски.

Гостин на  трибината во Ѓорче Петров беше и поранешниот министер за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, кој пред присутните граѓани  ги посочи  придобивките од членството на НАТО И ЕУ. Безбедност, стабилност, правда и владеење на правото, борба против корупцијата, инвестиции, нови работни места се само дел од придобивките на членството во овие два сојуза. Воедно, Кундерс ја охрабри Македонија да продолжи по патот кој е поставен пред неа.

Спасовски упати повик до сите граѓани на Република Македонија да се искористи шансата што е укажана, да излезат и да го поддржат референдумот.

,,Да покажеме дека денес се бориме за силна Македонија и дека  го остваруваме патот на нашите претходни генерации, со цел посветла иднина на нашите деца. Да излеземе ЗА европска Македонија” порача Спасовски

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …