Спасовски: Трите сета мерки се насочени кон заштита на работниците и ревитализација на економијата

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека економските пакети не даваат резултат, премиерот Оливер Спасовски одговори:

„Што да коментирам?! Ако имате лидер на опозиција, кој во 10 дена има 20 става, мислам дека повеќе од тоа коментар не треба. Меѓутоа, сакам да ви кажам дека сите три сета на мерки се насочени исклучиво кон заштита на економијата, кон заштита на работниците, кон заштита на граѓаните и кон поддршка на ревитализацијата на економијата. Имаме конкретни податоци, кои можете да ги добиете и да видите колку компании, колку работници ги искористиле мерките од првиот сет, колку од вториот сет на мерки? Тоа што треба да го операционализираме сега, ќе опфати вкупно околу 770.000 граѓани во државата, ќе имаме 5,5 проценти од бруто домашниот производ, којшто ќе го дадеме на компаниите и граѓаните за да може да успешно ја сочуваме економијата и да можеме успешно да ја рестартираме. Така да, ние се држиме кон тоа да носиме правовремени одлуки за економски мерки, да му помогнеме на стопанството, да им помогнеме на работниците. А политиката, верувајте, јас реков уште во почетокот на кризата, а и сеуште стојам на овој став, дека оној кој мисли да профитира од здравствената криза и мисли дека ќе профитира на здравјето и животот на граѓаните, најмногу ќе изгуби во очите на граѓаните“.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …