Спасовски за отказите

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР

Одговор на новинарско прашање на Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција.

Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се затскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест.

Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа.

Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи.

Ќе направам само споредба.

Се сеќавате сите на случајот кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовски, нападна полициски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога, во Скопје.

За истиот тој полициски службеник иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка на очите на целата македонска јавност дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единица, Тигар.

Ова доволно говори којшто се има во овој момент. Апсолутно, осудувам ваков пристап и сметам дека не треба во ниту еден момент да се удира врз професионалците во МВР и во безбедносните институции.

Прочитајте повеќе

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека …