Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во Мотоцентар

Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во Мотоцентар

Започна законската обврска за задолжително носење зимска опрема, а Continental и нашите пријатели од Мотоцентар веќе подготвија специјална акција за лојалните купувачи.

На 15-ти ноември започна законската обврска за задолжителна зимска опрема во возилата, а според нас најважни се токму зимските пневматици.

Можеби гумите изгледаат како да не се сменети многу со текот на годините, но тоа не е така – секојдневно се прават подобрувања на нивниот состав, кој е срце на пневматикот. Тајниот состав на Continental во неговите зимски пневматици се нарекува Cool Chili – зимска верзија на добро познатиот летен „зачин“ Black Chili.

Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во МотоцентарContinental произведува зимски пневматици за сите видови патнички возила и лесни камиони. Неговото семејство на пневматици WinterContact ги задоволува потребите на сите, од сопствениците на компактни автомобили што бараат најдобри вкупни перформанси (WinterContact TS 860) до сопствениците на ултраспортски автомобили со високи перформанси (супер-автомобили), кои сакаат извонредни перформанси за исклучително задоволство од возењето дури и кога патиштата не се во оптимална состојба (WinterContact TS 860 S).

За сè што е меѓу ова, тука е WinterContact TS 850 P, пневматик усовршен за средни и луксузни возила, како и за SUV возила. Continental, исто така, има одличен пневматик за сите што бараат решенија во текот на цела година, а тоа е AllSeasonContact.

Дополнително, за сите купувачи на зимски пневматици, Continental и Мотоцентар подготвија специјална акција – со секој сет од четири зимски гуми од брендот Continental ќе добиете подарок Continental ранец. Количините се ограничени, побрзајте!

Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во Мотоцентар

Резервирајте темин во Мотоцентар во Прилеп со јавување на телефонскиот број 073 333 222 или со клик на сликата ⇓ ⇓ ⇓

Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во Мотоцентар

 

Покрај продажба на нови пневматици, МОТОЦЕНТАР Ви ги нуди и следните услуги:

Монтажа и балансирање
Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.
Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици во МотоцентарБалансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.
Во Мотоцентар за секоја купена гума добивате 50% попуст на услугата за промена и балансирање, побарајте понуда и цена за услугите. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.

Азотно пумпање
Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето.

Поправка на пневматици
Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација.
За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP.

Комплетна проверка на подвозјето на вашите автомобили и комбиња

  • спони,
  • јабучици,
  • гуртни,
  • плочи,
  • вилушка,
  • летва,
  • како и центрирање на преден трап,
  • сервисирање и полнење на клима уред со фреон.

Центрирање на трап
Центрирањето на трап е потребно за да се овозможи еднакво и изедначено трошење на нагазната површина, како и прецизност во управувањето со возилото. Доколку оваа рамнотежа е нарушена, возилото не функционира како што треба, а тоа по автоматизам се пренесува и на пневматиците.

Хотел за гуми
Мотоцентар Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гуми. Сите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно. Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …