Спој на теоријата и праксата – учениците од СОУ „Орде Чопела“ практичната настава ја изведуваат во прилепските компании

Спој на теоријата и праксата – учениците од СОУ „Орде Чопела“ практичната настава ја изведуваат во прилепските компании

Партерно и хортикултурно уреден училишен двор, комплетно реконструирано кошаркарско игралиште, молерисани сите училници, кабинети и ходници, набавена нова индустриска машина за подигнување на хигиената на повисоко ниво, комплетиран процесот на набавка нови бели и смарт табли во училниците и лабораториите. Тоа е, како што истакна директорката Анета Пејоска, само дел од амбиентот во кој учениците и вработените во СОУ „Орде Чопела“ ја дочекаа новата учебна 2019/2020 година.

„Реактивирана е работата на реалната училишна компанија ‘Детелинка’, која врши редовно контролирано и ограничено производство на бели печива за потребите на училиштето, со Спој на теоријата и праксата – учениците од СОУ „Орде Чопела“ практичната настава ја изведуваат во прилепските компанииинтенција во понатамошниот период производството да се прошири. Потпишан е меморандум за соработка со ветеринарната амбуланта, со компанијата ‘Секе’ како и со ЈКП ‘Комуналец’, каде што дел од партерното уредување на градот е со цвеќе кое учениците го произведуваат во нашето училиште. Исто така, потпишан беше меморандум за соработка и со Прилепска Пиварница, каде нашите ученици ја изведоа феријалната пракса, а унапредена е соработката и со други компании од градот во кои учениците ќе ја изведуваат практичната настава“, истакна директорката Пејоска.

Пејоска напомена дека со партнерски училишта од Литванија, Италија и Шпанија, училиштето доби проект од „Еразмус“ програмата, чија реализација ќе започне во март следната година.

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …