Веќе сме влезени во новиот бран на ковид-19, соопшти главниот здравствен инспектор на Бугарија, доц. д-р Ангел Кунчев во гостување на бугарската телевизија со национална концесија „Нова“ претпладнево.
„Ние сме 3-4 седмици зад она што се случува во Западна Европа. во следните 2-3 седмици веројатно ќе се соочиме со засилен бран. Не е толку страшно и драматично, но фактички е така“, рече Кунчев.
Тој рече дека бројот на случаи се зголемува, макар што кај поголемиот број болни нема да има потреба за болничко лекување.
„Сѐ уште е Омикрон сојот, но во неколку варијанти. Стравуваме од појава за нов сој наесен којшто би го заобиколувал имунитетот“, порача тој.
Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 123 нови случаи на коронавирус, а процентот на позитивни наоди во вкупниот број направени тестови е 10%. Во бугарските болници моментално се лекуваат 320 пациенти со ковид-19, а на интензивна нега се 26.