Спортски настан од светски ранг - Прилеп домаќин на Светскиот куп во прецизно слетување

Спортски настан од светски ранг – Прилеп домаќин на Светскиот куп во прецизно слетување

Во организација на ПК „Скај Рајдерс“ – Прилеп, од 21 до 24 мај на спортскиот аеродром во Мало Коњари ќе се одржи Светски куп во прецизно слетување.

На овој куп, кој е еден од трите Светски купови, учество ќе земат 70-ина највисоко рангирани натпреварувачи на светската ранг листа, од вкупно 21 земја.

Станува збор за натпреварување од највисок ранг, за што сведочи и учеството на светскиот шампион Јанг Чен од Кина, како и на европскиот шампион Матјаж Слуга од Словенија.

Четвртокот, 21 мај, е ден резервиран за тренинг на учесниците на Светскиот куп, додека официјалните натпреварувања ќе се одржат на 22, 23 и 24 мај.

Во трите натпреварувачки денови планирани се максимум 12 рунди.

Во ситуација кога спортските настани во Прилеп се вистинска реткост, одржувањето на Светскиот куп во параглајдинг е настан кој макар и за кратко, го враќа Прилеп на мапата на спортски дестинации од светска важност.

Она што е особено важно, е дека успешната организација на Светскиот куп би значела можност ова натпреварување и во следните 2-3 сезони да се одржува во Прилеп, на спортскиот аеродром во Мало Коњари.

Имајќи го предвид искуството на „Скај Рајдерс“ во организирање меѓународни спортски настани, не постои дилема дека Светскиот куп во прецизно слетување ќе помине во најдобра атмосфера, на задоволство и на учесниците и на посетителите на оваа исклучителна спортска манифестација.

Спортски настан од светски ранг - Прилеп домаќин на Светскиот куп во прецизно слетување