Спортскиот работник Ѓорѓи Гешоски, добитник на општинската награда за животно дело „3.Ноември“

Спортскиот работник Ѓорѓи Гешоски, добитник на општинската награда за животно дело „3.Ноември“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, на денешната прес конференција ги соопшти имињата на наградените, по повод 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградата за животно дело „Златна плакета“, му се доделува на Ѓорѓи Гешоски, за достигнувања и афирмација на атлетиката и развој на спортот.

Покрај наградата за животно дело, Комисијата додели и 5 плакети и 9 дипломи.

Со Третоноемвриски плакети се наградени „Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот, „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство, театар „Чин 4 Сцена 5“ за придонес во развојот на театарската уметност, „Клуб на литературни творци“ за достигнувања од областа на литературно творештво и џудо клубот ,,Пролетер’’, за достигнувања од областа на спортот.

Добитници на третоноемвриски дипломи се Злате Шуплиноски за достигнувања од областа на медицината, Гордана Цветаноска за достигнувања од областа на новинарството, Сашо Јандрески за млад иноватор од областа на медицината, Озган Сулејманоски за достигнувања од областа на музиката, Драгослав Миноски за достигнувања од областа на образованието, Билјана Јуруковски за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп, Борјан Јованоски за достигнувања и афирмација од областа на спортот и Филип Димкоски за афирмација на македонскиот јазик и образованието. Постхумно, диплома за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, му беше доделена на Александар Дворчанец – Сале.

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Тони Камчески, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3.Ноември“, пристигнале 30 апликации, а сите награди биле доделени едногласно.

На годинешните лауреати, наградите ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која ќе се одржи во недела, 3. ноември со почеток во 19.00 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“.

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …