Срамно дело од минатото – геноцидот врз Ерменците

За време на првата светска војна во тогашното Османлиско царство беа убиени околу 1,5 милиони Ерменци. Турската влада до денес одбива да зборува за геноцид.

Во рамки на т.н. „Решение на ерменскиот проблем” османлиските сили во 1915 и 1916 собираа стотици илјади Ерменци од сите делови на земјата, ги оставаа прегладнети до смрт да пешачат низ сириската пустина и ги убиваа. Додека многу историчари денеска зборуваат за „геноцид” турската влада единствено признава дека имало масовни протерувања и насилни судири.Последици од царство во распад 

Кон крајот на 19 век областите традиционално населени од Ерменци биле поделени меѓу Османлиското, Персиското и Руското Царство. Со околу два милиони жители Ерменците во Османлиската империја по Грците биле второто најголемо малцинство. Почетната фаза на распадот на мултиетничката империја и растечкиот национализам на поединечните народи се заостри пред Првата светска војна. Протестите на ерменските селани и трговци против големите даноци наскоро се претворија во бунтови кои брутално беа загушени од османслиските сили. Од 1890 се до почетокот на војната, постојано имаше масакри врз Ерменци извршени од Турци и Курди. Истовремено се случија повеќе терористички напади од ерменски терористи, меѓу другото и врз владејачкиот султан.

Armenien Genozid-Gedenkstätte Zizernakaberd in JerewanМеморијалниот споменик во Ереван потсетува на жртвите на геноцидот

 

Масовно стрелање

За време на војната, Османлиската империја војуваше против Русија, додека многу од Ерменците се приклучија кон единиците на отпорот кои сакаа да им помогнат на силите на рускиот цар. Батаљоните на ерменските доброволци кои се бореа на руска страна се надеваа на подоцнежна поддршка од царот за нивните стремежи за независност. Османлиското водство на Ерменците им ја префрлаше вината за воениот пораз во конфликтот со Русија. На почетокот на 1915 на ерменските војници кои беа дел од османлиската војска им беше одземено оружјето, а тие беа пренасочени кон изградба на патишта и подоцна застрелани.

Планиран егзодус?

Во се понасилно и анти-ерменско расположение на 24 април 1915 година во рации насочени против ерменската елита во Истанбул илјадници интелектуалци беа уапсени и депортирани – декларирана цел на тогашниот министер за внатрешни работи беше да не остане ниту еден Ерменец во главниот град. Во мај Османлиското царство започна со масовно протерување на Ерменците од истокот на земјата, со образложението дека би можеле да ги поддржуваат руските сили. Тогашниот германски вице-конзул од Ерзурум пишал на германскиот амбасадор во Истанбул: „По војната ‘нема да имаме веќе Ерменци во Турција‘ е буквално исказот на релевантна личност. Ако таквата цел не може да се постигне со различните масакри, тие се надеваат дека долгиот марш до Месопотамија и климата на која не се навикнати, ќе си го направат своето.”

„Срамно дело од минатото”

По распадот на Османлиското царство во 1919 големиот везир Ферид Паша официјално зборуваше за „злосторство” врз Ерменците, а тогашниот министер за надворешни работи Чемал рече дека имало 800 илјади жртви на депортацијата. Основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк, на 24. април 1920, при отворањето на парламентот во Анкара за геноцидот врз Ерменците рече дека е „срамно дело од минатото” – подоцнежните турски влади одбиваа и до денес одбиваат да зборуваат за геноцид.

Deutschland Bundestag Armenienresolution AbstimmungГерманскиот Бундестаг донесе резолуција за геноцидот врз Ерменците

 

Извинување и од Берлин

„Конвенцијата на ООН за казнување на геноцид која стапи на сила во јануари 1951 година, геноцидот го дефинира како дејствија кои се извршуваат со намера припадници на национална, етничка или религиска група целосно или делумно да се уништат.” Мнозинството историчари сметаат дека таквата намера е поткована со историски извори. Редица држави во меѓувреме официјално го признаа геноцидот врз Ерменците, меѓу кои и Германија. Во документ од јуни 2015 година Бундестагот се извинува експлицитно кај ерменскиот народ за ставот на Германскиот рајх кој тогаш не презел ништо за да го спречи уништувањето на ерменското малцинство. Во 2016 Бундестагот донесе Резолуција за „Спомен на геноцидот врз Ерменците и други христијански малцинства во годините 1915 и 1916”. Канцеларката Меркел, тогашниот вицеканцелар Зигмунд Габриел и тогашниот министер за надворешни работи и денешен претседател Франк- Валтер Штајнмајер не учествуваа во дебатата и гласањето.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …