СДСМ

Срамно политизирање на трагедијата: ВМРО-ДПМНЕ и Лефков некрофилски етикетираат и ја манипулираат јавноста

Соопштение за јавност на СДСМ

После трагедијата што се случи со прегазувањето на младата Фросина нацијата е во жалот а гневот на народот е огромен и реален

Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија за проблемите, од ДПМНЕ етикетираат луѓе, лажат и манипулираат.

Срамно и недозволиво е ВМРО-ДПМНЕ да го злоупотребува овој трагичен настан, кога добро знаат дека и судијката и таткото на сторителот се блиски до нивната партија.

Судијката Даниела Алексоска Стојановска е избрана токму од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на нивниот режим, на 8 февруари 2012 година. Таа е дел од фамозното „тефтерче“ на Гордана Јанкулоска, симбол на партиските влијанија врз судството. Граѓаните добро знаат како се избираа судии тогаш и чии кадри се тие.

Етикетирањето и лажните обвинувања се очајна стратегија која покажува дека Владата бега од решенија и јавната болка сака да ја сведе на политички пазар.

СДСМ нема да дозволи манипулации со човечки трагедии. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да престанат со некрофилски политики и да почнат да бараат решенија за вистинските проблеми – дивеењето по улиците и неспособноста на министерот Тошковски да воспостави ред и безбедност во државата.

Прочитајте повеќе

За Пуцко Петрол, омилениот снабдувач на ДПМНЕ, 240.000 илјади евра од тендери од Битола

За Пуцко Петрол, омилениот снабдувач на ДПМНЕ, 240.000 илјади евра од тендери од Битола

Соопштение за јавност на СДСМ Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води …