Србија: После премиерот Вучевиќ, оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ

Србија: После премиерот Вучевиќ, оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, денеска поднесе оставка од функцијата.

„Како одговорен човек и одговорен политичар, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад. Стабилноста, смирувањето на тензиите и запирањето на понатамошните поделби во нашето општество, се клучен услов за понатамошниот напредок на Нови Сад и унапредувањето на животот на неговите граѓани. Во моментите кога се соочуваме со огромни тензии кои се усложнуваат и се закануваат да предизвикаат понатамошни подлабоки поделби, вклучувајќи го последниот насилнички напад на студентката, како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, сметам дека прифаќањето одговорност и поднесувањето оставка, е моја човечка и политичка обврска и морална должност“, се вели во оставката на градоначалникот Ѓуриќ.

Претходно, како последица на последните настани поврзани со студентските протести и блокади, оставка поднесе и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

Прочитајте повеќе

Тошковски

СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Соопштение за јавност на СДСМ Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е …