Средба Грковска – Хаџиевски: Унапредување на јавните набавки на ниво на количина и цена, како и стандардизацијата на технички спецификации се клучни приоритети

Средба Грковска – Хаџиевски: Унапредување на јавните набавки на ниво на количина и цена, како и стандардизацијата на технички спецификации се клучни приоритети

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска со директорот на Бирото за јавни набавки (БЈН) Борче Хаџиевски и со стручниот тим од оваа институција разговараше за можностите за унапредување на Електронскиот систем за јавни набавки, со што ќе се обезбеди поголема конкурентност и транспарентност во постапката.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека сите надлежни институции мора координирано и постојано да работат на подобрување на системот за јавни набавки и информираше дека таа веќе воспоставила контакти со претседателот на Државниот совет на Италија Франко Фратини, од каде можеме да црпиме искуство за подобрување на системот за јавни набавки.

„Унапредување на системот во делот на движење на цените, негова надградба на ниво на количина и парче е неопходна, затоа што во овој дел се утврдени слабости на системот“, посочи Грковска.

Директорот Хаџиевски информираше дека изминатиов период се воведени нови инструменти за зголемување на транспарентноста и интегритетот на е-постапките, како што е антикорупциската алатка „Црвени знаменца“. Истовремено, подобрена е и отвореноста на податоците во известувањата за склучени договори со приказ на сите понудувачи кои учествувале во постапката.

Вицепремиерката Грковска подетално ја разгледа и платформата за набавки од мала вредност Е-пазар, која веќе е оперативна и достапна, со цел спроведување на брзи, едноставни и економични јавни набавки на стоки и услуги до 10.000 евра. Оваа новина, оцени Грковска е добра, но и мора да се најде модел договорните органи и економските оператори да ја користат оваа платформа повеќе.

Грковска оцени дека Бирото за јавни набавки мора да посвети поголемо внимание на стандардизирани модели за технички спецификации.

Стручниот тим на Бирото за јавни набавки информираше дека веќе се објавени модели на технички спецификации за набавка на IT опрема, на уреди за печатење и на услуги за осигурување на имот, а истовремено  ги презентираше моделите на техничките спецификации кои се подготвуваат за објавување, меѓу кои се и оние за набавка на канцелариски материјали, услуги за чистење, лесно масло за горење, бензини, дизел гориво и течен нафтен гас, како и набавка на хигиенски средства.

Дополнително, се работи на спецификации за одржување на возила, за лизинг и за набавка на патнички моторни возила.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …