Средба Ковачевски - Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Средба Ковачевски – Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор беа и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување.

Премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.

Беше изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …