Средба Маричиќ Брнз

Средба Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се сретна со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз.

На средбата се разговараше за американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, а беа нагласени и важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот.

Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претстави на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите.

На крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакна дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција.

Амбасадорката Брнз на средбата упати честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот.​

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …