Општинска делегација на Крушево во работна посета на Корча, Албанија

Општинска делегација на Крушево во работна посета на Корча, Албанија

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски во придружба на вработени во локалната самоуправа и претставници на невладината организација „Алка“, престојуваа во Корча, Албанија, кафе остварија работна средба со градоначалникот Сотираќ Фило.

На средбата било разговарано за проширување на соработката помеѓу двете општини и изработка на проект од Програмата за меѓугранична соработка преку ИПА 2 програмата на ЕУ. Исто така, се разговарало и за приоритетите при поднесувањето на заедничката апликација со искористување на она што е заедничко за Корча и Крушево – потеклото, традицијата, културата и обичаите на Власите.

При посетата на Корча градоначалникот на општина Крушево даде и свое итнервју за неколку албански медиуми преку кои порача дека интеграциајата во ЕУ и НАТО е од големо значење за општина Крушево и Северна Македонија, а прекуграничната соработка со Албанија ќе придонесе и кон зацврстување на меѓуетничките односи меѓу македонскиот и албанскиот етникум.

Во изјавата која крушевскиот градоначалник Христоски ја даде за неколку албански телевизии, истакна дека интеграцијата во ЕУ и НАТО на Република Северна Македонија е од големо значење за општина Крушево, пред се’ во однос на аплицирање на фондовите, особено оние кои се однесуваат на заедничкиот пристап со останатите земји кандидати за влез во ЕУ и НАТО. Во таа насока, Христоски напомена дека заедно со општина Корча, помината е првата фаза од повикот за дел од претпристапните фондови и се се работи на апликацијата за втора фаза и добивање на грант од околу 600.000 евра за инвестирање во туризмот.

Дополнително, потенцираше градоначалникот на Крушево, ваквиот тип на соработка придонесува за јакнење на соживотот, меѓуетничкото прифаќање и соработка меѓу припадници на различни етникуми.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …