Средба на градоначалникот Илија Јованоски со амбасадорот на САД во нашата држава, Кејт Мари Брнз

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари неформална средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата во кабинетот на градоначалникот Јованоски, беше разговарано за тековните активности на Општина Прилеп и реализацијата на планираните проекти, како и за мерките кои Општината и здравствените институции ги преземаат во справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Градоначалникот Јованоски нагласи дека освен здравствените, пандемијата на коронавирусот има и силни финансиски импликации врз функционирањето како на Општината и јавните претпријатија, така и врз речиси сите стопански субјекти. Сепак, како што рече градоначалникот Јованоски, тоа нема да влијае врз завршувањето на тековните проекти, ниту врз капиталните инвестиции планирани за следната година.

Амбасадорот Кејт Мари Брнз, ја потенцираше одличната соработка која на партнерска основа ја градат двете држави, САД и Северна Македонија. Таа напомена дека поддршката која САД и’ ја даваше на нашата земја на патот до членство во НАТО, ќе продолжи и на полето на почеток на преговорите за влез во Европската Унија.

Амбасадорот Брнз искажа задоволство од остварената соработка на Општина Прилеп со приватниот сектор, пред се’ на полето на борбата со пандемијата. Истовремено, таа ја нагласи важноста за државата и за локалната заедница од воспоставување на јавно приватно партнерство.

Градоначалникот Јованоски упати покана до амбасадорот Брнз за официјална посета на Општина Прилеп, која амбасадорот на САД во нашата држава ја прифати со задоволство.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …