Средба на градоначалникот Јованоски со новиот командант на касарната „Мирче Ацев“, Ѓорги Василевски

Средба на градоначалникот Јованоски со новиот командант на касарната „Мирче Ацев“, Ѓорги Василевски

Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари работен состанок со новиот
командант на касарната „Мирче Ацев“, потполковник Ѓорги Василевски.

Честитајќи му го именувањето на новиот командант на прилепската касарна,
градоначалникот Јованоски изрази надеж дека одличната соработка помеѓу
локалната самоуправа и гарнизонот ќе продолжи и во иднина. Локалната
самоуправа и гарнизонот во изминативе години изградија голема соработка.
Припадниците на АРМ помагаат и учествуваат во голем број активности,
излегувајќи во пресрет на потребите на граѓаните.

Потполковник Ѓорѓи Василевски на новата функција доаѓа на местото од
досегашниот командант на гарнизонот, полковник Ивица Цветковски.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …