Средба на градоначалникот Јованоски со новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Сергеј Баздникин

Општествената и стопанската соработка помеѓу Општина Прилеп и амбасадата на Руската Федерација во Македонија, беа тема на денешната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, амбасадорот Сергеј Баздникин и неговиот помошник за економско-трговски прашања, Владимир Хрисанфов.

Градоначалникот Јованоски ги посочи прилепските туристички атракции, локалитет Маркови Кули, Институтот за тутун, но и  мермерот и гранитот како природни богатства со кои располага општина Прилеп, а кои заедно можат да бидат одлична основа за засилување на соработката.

Покрај економските прашања, во фокусот на средбата беше и образованието, односно покренување на заедничка иницијатива за формирање на паралелка за изучување на рускиот јазик во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Во поглед на таквата соработка, амбасадорот Баздникин ги потенцираше стипендиите кои ги нуди амбасадата на Руската Федерација во Македонија. За оваа година биле обезбедени околу 40 стипендии за млади лица од Македонија кои сакаат да студираат на некои од универзитетите во Русија.

Градоначалникот Јованоски и амбасадорот Баздникин, на денешната средба ја отворија и можноста за збратимување на Прилеп со некој град во Русија.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …