Средба на Ковачевски со Борел и Лајчак: Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите

Средба на Ковачевски со Борел и Лајчак: Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.

Премиерот Ковачевски на средбата изрази благодарност за ангажманот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка за Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел, ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.

Во таа насока беше изразено дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.

За време на разговорот беше нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

Ковачевски во Брисел оствари средба и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

За време на разговорот, премиерот Ковачевски и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се согласија дека војната во Украина наметна неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на средбата со Лајчак рече дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …