Средба на министерот Бочварски со Амбасадорот на Кралството Холандија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Акцент на средбата беше ставен врз капиталните инвестиции што се реализираат во Република Северна Македонија, особено во делот на изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура и процесот на гасификација на земјата.

Министерот Бочварски ги презентираше стратешките планови на Министерството за транспорт и врски за унапредување на транспортот, зголемување на економската соработка на државата со земјите од ЕУ и нејзино регионално поврзување.

Тој потенцираше дека Владата и понатаму останува фокусирана на врвниот приоритет, а тоа е членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

„Имав одлична прилика да разговарам со Амбасадорот Јан Коп за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава, а се од огромно значење за интеграција на Република Северна Македонија. Ги истакнав реформите што ги спроведуваме во делот на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и сите активности што ги преземаме со цел да ги ублажиме последиците од Ковид-кризата и да ја стимулираме домашната економија. Исто така, во текот на средбата разговаравме и за стратешките проекти на Министерството за транспорт и врски за олеснување на транспортот на стоки, интензивирање на економската соработка со земјите од ЕУ, како и модернизацијата на патната инфраструктура и целокупниот транспортен систем во државата“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Кралството Холандија, со подготвеност за зголемување на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските односи.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …