Средба на министерот Бочварски со Амбасадорот на Република Бугарија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Министерот Бочварски ги презентира капиталните прокети што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на доизградба на железничкиот Коридор 8. Тој потенцира дека Владата останува силно посветена на изградба на пругата кон Република Бугарија и дека се преземаат сите потребни чекори и од технички и од финансиски аспект за нејзино довршување.

„Во текот на средбата со Амбасадорот Ангелов разговаравме за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава, но посебен акцент ставивме на изградбата и модернизацијата на Коридор 8, што се од круцијално значење за унапредување на соработката меѓу двете земји. Го информирав Амбасадорот за сите активности што ги преземаме за доизградба на пругата кон Република Бугарија и со оглед на тоа што станува збор за проект од особено значење за двете земји, се согласивме за потребата од зајакнување и интензивирање на нашата соработка“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот и Амбасадорот ја искористија приликата да разговараат и за зголемување на меѓусебната трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …