Средба на министерот Горан Сугарески со Јоанис Брахос, генерален секретар на МНР на Грција за меѓународни и економски односи

Средба на министерот Горан Сугарески со Јоанис Брахос, генерален секретар на МНР на Грција за меѓународни и економски односи

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со Јоанис Брахос, генерален секретар на Министерството за надворешни работи на Грција за меѓународни и економски односи.

На средбата се разговараше за придобивките од Договорот од Преспа, како и за  регионалните инфраструктурни проекти што ќе се реализираат меѓу  Република Северна Македонија и Грција.

Министерот Сугарески ја потенцираше важноста од изградбата на пругата од Битола до Кременица заради регионално поврзување и овозможување на побрз транспорт на стока и патници.

Тој побара од грчката страна во следниот период да се финализира текстот на Спогодбите за утврдување на граничните процедури на железничките премини, Гевгелија-Идомени и Кременица-Неа Кафкасос се со цел формирање на заеднички гранични инспекциски служби.

“ Kако една од позначајните активности кои очекуваме да биде реализирана во следниов период е финализирање на текстот на Спогодбите за утврдување на граничните процедури за двата железнички премини,  Кременица – Неа Кафкасос и Гевгелија – Идомени. Имено со овие Спогодби се предлага спроведувањето на граничните процедури на полицијата и царината, и другиоте инспекциските служби да се вршат од едно место и тоа на преминот Гевгелија-Идомени, со заедничка гранична зграда во Гевгелија, а на граничниот премин Кременица -Неа Кафкасос, со заедничка гранична зграда во Неа Кафкасос.

Тоа ќе придонесе за олеснување и забрзување на транспортот на стока и патници меѓу двете земји. Предлог текстот на двете Спогодби е доставен до Вашето надлежно Министерство и очекуваме во најскоро време да се пристапи кон потпишување на истите”, истакна министерот Сугарески.

На средбата, министерот  го отвори и прашањето за зголемување на квотите на  транспортните дозволи за превоз на стока.

Министерот Сугарески се заблагодари на поддршката што ја овозможува Владата на Република Грција и побара како земја членка на Европската Унија,  Грција да ги поддржи напорите на нашата држава за зголемување на Европските фондови за реализација на капиталните инвестиции во Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …