Средба на премиерите на Македонија и Португалија: Нашите земји имаат интереси за унапредување на соработката

Средба на премиерите на Македонија и Португалија: Нашите земји имаат интереси за унапредување на соработката

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, оствари средба со премиерот на Португалија Антонио Коста во рамките на работната посета на оваа земја, како прва на ниво на премиери на двете земји.

Премиерот Заев ја оцени средбата како одлична можност за поттикнување на можностите за унапредување на односите меѓу Република Македонија и Република Португалија на највисоко ниво, и го покани португалскиот премиер Коста во официјална посета на нашата земја.

Двајцата премиери имаат заеднички став дека застапуваат идентични интереси на двете земји и кога станува збор за некои од глобалните, европските и регионалните прашања.

Во таа насока, премиерот Заев го информираше својот колега од Владата на Република Португалија за актуелниот момент на односите на Република Македонија со соседите и со другите земји од Западен Балкан, и го нагласи позитивниот и активен пристап на нашата земја во унапредувањето на односите со секоја земја од регионот одделно.

Во таа насока, премиерот Заев информираше за резултатите од договорите со Република Бугарија, и посебно со Република Грција во однос на прашањето за името, и го истакна позитивниот развој кој ги направи реални можностите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Португалскиот премиер Коста изрази безрезервна поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ, и ја охрабри целосната имплементација на Договорот од Преспа, како клучен предуслов за тоа.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно зајакнување на економските врски меѓу двете и да поттикнат балансирање на трговската размена.

На средбата, премиерот Зоран Заев и премиерот Антонио Коста, се согласија дека треба да се охрабри и парламентарната соработка меѓу Република Македонија и Република Португалија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …