Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Владата на Република Северна Македонија ќе има средба со високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел.
После завршувањето на средбата, околу 12.00 часот, Ковачевски и Борел ќе одржат заедничка прес-конференција.