Средба на премиерот Заев и владина делегација со претседателот на албанскиот Парламент, Ручи во Тирана

Средба на премиерот Заев и владина делегација со претседателот на албанскиот Парламент, Ручи во Тирана

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со владината делегација што го придружува, во рамки на официјалната посета на Република Албанија, се сретна и со претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.

На средбата се истакнати политиките на премиерот Заев како политики на визија и посветеност и успех за Република Северна Македонија, но и на земјите од целиот регион.

Договорот од Преспа е посочен како историски договор што ги отвори историските перспективи на нашата држава во НАТО, поради што е изразена целосна поддршка на интеграциите на Северна Македонија.

Премиерот Заев се заблагодари за брзата постапка на ратификацијата на Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент и посочи дека бенефитите почнуваат да се чувствуваат за граѓаните.

-Ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции, зголемен е БДП-то, намалена е невработеноста, се качуваат платите. Во тек е заокружување на клучните реформи. Очекуваме ЕУ да ги вреднува овие резултати на Република Северна Македонија во јуни, рече премиерот Заев.

Тој ја нагласи одговорноста и на власта и на опозицијата во важните евроинтеграциски процеси. На состанокот е посочено дека дијалогот е многу важен за демократскиот развој на државите и нивните европски перспективи. И од двете страни е посочено е дека се силно посветени на стратешката определба за успех во јуни.

Претседателот на Владата, Заев потенцираше и дека во Северна Македонија успешно функционира концептот едно општество за сите. Ја нагласи како одлична соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и посебно ги потенцираше граничните олеснувања, градењето доверба меѓу двете институции и инфраструктурното поврзување, како придонес кон мобилноста на луѓе и стоки.

На средбата е истакнато дека владите на Република Северна Македонија и на Република Албанија работат успешно на интензивирање на економската соработка.

Премиерот Зоран Заев е во официјална посета на Тирана со Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …