Средба на премиерот Заев со новиот амбасадор на Саудиска Арабија

Средба на премиерот Заев со новиот амбасадор на Саудиска Арабија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохаммед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.

На средбата e заеднички констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Разговарано е за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што ќе отвори можност за соработка во повеќе полиња и сектори кои се однесуваат директно на подобрување на животот на граѓаните.

-Низ реформските процеси во нашата држава и политиките на пријателства, дојдовме блиску до нашите стратешки цели, Европската унија и НАТО. Тие, по референдумот ќе отворат големи можности за граѓаните на Македонија и на државата, првенствено на економски план, освен за стабилноста и безбедноста на земјата, рече премиерот Заев.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …