Средба на премиерот Заев со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Јанковиќ

Средба на премиерот Заев со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Јанковиќ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

На средбата е изразена поддршка за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и е истакната важноста од евроинтеграциите, во момент кога земјата бележи резултати на планот на реформите и добрососедските односи.

Заклучено е дека сите во државата треба да се посветат на заокружување на реформскиот процес, посебно во правосудството и на успешни претседателски избори, што ќе и овозможи на државата да продолжи напред.

-Ова се клучни моменти за евро-атлантската иднина на државата. Владата го знае својот дел од одговорноста и заедно со сите политички и општествени чинители во државата, вклучувајќи го и дијалогот со опозицијата, мотивира имплементација на реформите, посебно во делот на правосудството со цел добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, како и успешно заокружување на процесот на НАТО интеграциите, до крајот на годината. Истовремено посветени сме на обезбедување регуларен и успешен изборен процес за претседател на државата и очекуваме сите во државата да го имаат предвид својот дел од одговорноста во овој значаен период за Република Северна Македонија, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за поддршката што Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја обезбедува на нашата држава, експертска и друг вид потребна помош, во процесот на целосно интегрирањe во НАТО.

-Нашата цел е Република  Северна Македонија, низ учеството во мисиите на НАТО, опременоста на Армијата, преку постепеното зголемување финансиски средства за Армијата, да биде достоинствена 30-та земја членка на НАТО, рече премиерот Зоран Заев, на средбата со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Зоран Јанковиќ.

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …