Средба на Претседателот Пендаровски со европратеникот Манфред Вебер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Манфред Вебер, претседавач со парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, кој заедно со делегација европратеници престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за европските аспирации на Северна Македонија, при што Претседателот Пендаровски нагласи дека полноправното членство во Европската унија останува стратешка цел на земјава, за што постои широк национален консензус и висока поддршка кај граѓаните.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека во очекување на одлука за почеток на пристапните преговори за членство, државата останува посветена на спроведувањето на реформската агенда.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од парламентарната група на Европската народна партија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија, реафирмирана со последната усвоена резолуција во Европскиот Парламент за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, како и за ставот на европратеникот Вебер дека Западниот Балкан е дел од Европа и има историска и стратешка важност.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …