Средба на претседателот Пендаровски со медицинскиот тим упатен во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри утре заминува во Кралството Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто Република Северна Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

„Со реалицијата на оваа мисија, Република Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност и подготвеност да придонесе за зајакнување на мирот и стабилноста и да одговори на поставените барања и задачи, овој пат како рамноправна членка на НАТО“, рече претседателот Пендаровски.

Исто така, претседателот Пендаровски изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во нашата држава.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …