Средба на Претседателот Пендаровски со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин

Средба на Претседателот Пендаровски со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ерусалим оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин.

 Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за поканата да учествува на лидерскиот форум, истакна дека Република Северна Македонија покрај укажаната чест има и обврска на највисоко ниво да биде присутна во Израел, на Форумот по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

Пендаровски нагласи дека двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи од нашата држава, што претставува ненадоместлива загуба за нас. Претседателот ја подвлече улогата на еврејската заедница во Република Северна Македонија изразувајќи уверување дека таа и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на добрите односи меѓу двете земји.

Претседателот информираше дека од декември 2019 година Република Северна Македонија е асоцијативна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и ќе се заложи да стане полноправна членка во 2021 година.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што Државата Израел ја дава на Република Северна Македонија во изминатиот период, од стекнувањето на нашата независност, додавајќи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка.

Двајцата претседатели разменија информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион. На средбата беше изразено задоволство од одличната соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски, денеска и утре, 22 и 23 јануари 2020 година во Ерусалим, Израел учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …