Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Рот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.

Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц.

На средбата се разговараше и за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија при што беше посочено дека тие се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина.

Соговорниците разменија мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година, при што претседателот Пендаровски нагласи дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …