Средба на претседателот Пендаровски со претставници на „Полио Плус“

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на „Полио Плус“

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на граѓанската организација „Полио Плус – движење против хендикеп“.

Соговорниците на средбата разговараа за можните заеднички проекти во рамки на Меморандумот за соработка којшто Кабинетот на претседателот го потпиша со здружението. Претседателот Пендаровски истакна дека меморандумот ќе ја унапреди заштитата и промоцијата на нивните права.

„За реална вклученост на лицата со попреченост во општествениот живот, треба постојано да се подигнува јавната свест на заедницата. Вие сте рамноправни граѓани и наша обврска е да направиме се што е во наша моќ за да овозможиме еднакви услови и целосна социјална интеграција“, порача претседателот Пендаровски на средбата со претставниците на „Полио Плус“.

Претставниците на „Полио Плус“ од своја страна истакнаа дека иако нашата држава ја ратификуваше Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во 2011-та година, одредбите од тој документ во пракса речиси и да не се имплементираат.

Еден од најголемите предизвици, како што потенцираа, и натаму останува пристапноста и достапноста до објектите. Сметаат дека е потребна и вклученост на лицата со хендикеп при носење на стратешки документи и закони, како и поголема институционална поддршка.

Во оваа насока, како што рече претседателот Пендаровски потребен е поголем придонес за мерките и препораките предвидени со Конвенцијата да се спроведат со посакуваната динамика.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …