Средба на Претседателот Пендаровски со српската премиерка Ана Брнабиќ

Средба на Претседателот Пендаровски со српската премиерка Ана Брнабиќ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Србија, денеска во Белград оствари средба со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

 На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Србија, како и за состојбите во регионот.

 Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за натамошно интензивирање на севкупните билатерални односи на Северна Македонија со Србија, како две соседни и пријателски земји кои ги поврзува долга историска и културна традиција, а ја споделуваат и визијата за заедничка иднина во Европската Унија.

Во однос на новата иницијатива за идно слободно движење на стоки и услуги, но и работна сила, како и меѓусебно признавање на професионалните квалификации, Претседателот истакна дека основна цел на оваа иницијатива треба да биде зголемување на регионалната соработка и понатамошна интеграција на државите во Европската Унија преку имплементација на европските правила и стандарди на регионално ниво, искажувајќи надеж дека сите земји од Западен Балкан ќе се приклучат на оваа иницијатива.

 Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Србија имаат одлични политички и економски односи, а со оглед на споделената цел за европска интеграција има простор за размена на искуства за претпристапниот процес за членство во ЕУ. Контактите на високо ниво меѓу официјалните претставници на двете држави се доказ за добрите односи и стабилниот и позитивен развој на соработката меѓу двете држави.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …